Пожар пеплоса делови на архитектонски и градежен- Студентите и професорите евакуирани
Страв и паника предизвика пожарот што утрово околу девет часот изби во градежниот факултет. Додека вработените се обидувале да се справат со огнот, студентите панично го напуштале објектот.
Повеќе од два часа траеше целосното гасење на опожарените кабинети и дел од покривот..
Интервенцијата на пожарникарите на почеток била попречена од возила кои на раце биле поместени за да влезат цистерните со вода..
Во пожарот настрадаа пет кабинети од просториите кои ги делат архитектонскиот и градежниот факултет..
Деканите од двата факултети велат дека со пожарот е предизвикана голема материјална штета..
Засега е непозната причината за избувнување на огнот..
Истрагата на надлежните институции треба да открие дали неисправна електрична инсталација или грејно тело е причина за пожарот..
Во изминатово деноноќие, ова е втор пожар во јавен објект.
Синоќа пред 19 часот избил пожар во подрумите на Археолошкиот музеј но не била причинета материјална штета..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар