Македонија
2. April 2016 - 13:26

Пожар пепелоса куќа во Скопје: Маж се бори за живот на Ургентен

Драма за Први април во Скопје. Во 19 часот и 07 минути во полциија од Ургентен центар- хирургија пријавиле дека кај нив е донесен 77-годишниот С.А. кој се здобил со изгореници на двете дланки, на лицето и на двете стапала од пожар кој беснеел во неговата куќа. Пожарот избувнал во куќата на старецот на улицата „Иван Цанкар“ која целосно изгорела. Била зафатена кровната конструкција и една соба од куќата на 50-годишниот сосед Г.М. од Скопје.
 
Од страна на Пожарна пожарот е локализиран. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот како и утврдување на причините кои довеле до опожарување.