-->
-->
Пожар од запален оџак во делчевско
-->
Пожар од запален оџак вчера попладне се закани на училишната зграда во делчевското село Тработивиште. Околу 16 часот пожарот го забележале жители на селото кои живеат непосредно до училиштето, по што веднаш повикале помош од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Делчево од каде интервенирале со две противпожарни возила.
- Има материјална штета која органите допрва ќе ја утврдуваат, штетата е минимална во однос на она што можело да настане. Пожарот, најверојатно, е настанат од димоводниот канал, таму беше главното жариште на пожарот и интервениравме во почетна фаза со пуштање на две линии, го локализиравме пожарот и целосно го изгаснавме во вечернте часови, рече Миле Тодоровски, пожарникар од ТППЕ Делчево.
Директорот на ООУ „Климент Охридски“, Горан Димитровски, истакна дека дежурни екипи ноќеска дежурале покрај зградата и оти досега вакви проблеми не се јавувале во подрачните училишта ниту во централното што отвора простор за преземање на соодветни мерки во таа насока во текот на грејната сезона. Училиштето во селото Тработивиште е градено пред 60 години и овде се сместени паралелки од 1 до 9 одделение кои опфаќаат деца од селото Тработитивиште, но и околните села.
Од ТППЕ Делчево апелираат до граѓаните редовно да ги чистат оџаците, бидејќи во овој период од годината се најчести ваквите пожари можат да направат голема штета, но и да се заканат по човечките животи.
Училиштето во селото Тработивиште е изградено пред 60 години. Во него има паралелки од 1 до 9 одделение со деца од Тработивиште и околните села.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов