Македонија
15. October 2017 - 17:37

Пожар над штипската населба Три чешми

Гори борова шума и сува трева над штипската населба Три чешми и селото Сушево во правец кон селата Добрашани и Криви Дол.

Дежурните пожарникари кои се  на терен велат дека се зафатени околу 30 хектари, а огненатата стихија е во должина од четири до пет километри. Според првичните информации, станува збор за пожар предизвикан од непознато лице.

Општина Штип со соопштение го информира месното население да се вклучи во гаснењето на пожарот.

- Во реонот над Сушево евидентиран е пожар. Се известуваат жителите од Сушево, Добрешани и Криви Дол да им помогнат на екипи на Територијалната противпожарна единица - Штип во гасењето, но да бидат внимателни и претпазливи, се вели во соопштението на Општина Штип.