Македонија
23. August 2017 - 20:36

Пожар над каменичкото село Моштица, горат дабова и борова шума

Гори борова и дабова шума над каменичкото село Моштица во месноста Далевско маало.

Според  ЦУК - Делчево, пожарот е пријавен во 14:20 часот и првично зафатил сува трева по што се проширил во околната борова шума.

- Засега не можеме со сигурност да кажеме колкава површина е зафатена, но според првичните пресметки зафатени се 10 хектари дабова и борова шума. Теренот е непристапен, вегетацијата е сува и со помош на ветерот огнот се шири со голема брзина, истакна Драган Балас од ЦУК - Делчево.

Тој потенцираше и дека во гаснењето на пожарот, освен лица од ЈП Македонски шуми, вклучлени се и екипи на ТППЕ од Македонска Каменица и од ЈП „Камена Река“, месно население, а на помош се викнати и пожарникари од Делчево и Кочани.