Македонија
25. February 2017 - 13:51

Пожар на паркинг во Скопје, изгореа три возила

Завчера околу 05.00 часот во Скопје, на паркингот на ул.„Леринска“, настанал пожар во патничко возило „Фолксваген Голф -7“ со скопски регистарски ознаки, по што истото целосно е опожарено.

Од пожарот зафатени се и патничките возила „Опел Корса“ и “Опел Астра“ двете со скопски регистарски ознаки. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.