Балкан
17. May 2017 - 21:35

Пожар на паркинг, изгореа две возила

Два автомобили се целосно уништени, а уште три се сериозно оштетени во пожар што попладневно избувна на отворен паркинг на ридот Стрефи во Атина.

Претставник на противпожарната бригада соопшти дека властите се сомневаат оти пожарот бил подметнат и започната е истрага за инцидентот.