Македонија
7. July 2015 - 19:04

Пожар на „Ленинова“ во Центар, изгореа два автомобили

Два автомобила, „ауди“ и „матиз“, попладнево изгореа во Скопје на паркиралиштето меѓу зградите на улицата Ленинова, спроти драгсторот „Бети“.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот, а се очекува да пристигне и увидна екипа од полицијата.

Како што велат минувачите – сведоци на настанот, прво се запалило возилото „ауди“, а потоа пожарот го зафатил и „матизот“.

Од полицијата која беше на местото на настанот, ни рекоа дека се чека увидната екипа за да се утврдат причините за пожарот.

Извор: Репортер.мк