Македонија
1. November 2016 - 14:00

Пожар кај гробиштата во Пехчево, изгоре куќа

Вчера околу 20.35 часот во Пехчево, во близина на градските гробишта, избувнал пожар во објект од тврда градба во кој престојувале Х.Ч. (47) и неговата сопруга Х.А., двајцата од Пехчево.
 
Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово, но и покрај тоа објектот целосно изгорел.
 
Во пожарот нема повредени лица.
 
Увид ќе се врши на 01.11.2016 година по што ќе биде утврдена и материјалната штета.