Македонија
5. January 2018 - 11:44

Пожар беснееше во близина на стадионот во Могила

На 03.01.2018 година околу 21:45 часот во с.Могила-Битола, на местото викано „Пречистителна станица“ во близина на стадионот „Димче Могилче“, од засега непознати причини настанал пожар во кој биле изгорени 800 бали слама, сопственост на општина Могила. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијална против пожарна единица.

Од пожарот е причинета е материјална штета од околу 61.000 денари. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Битола.