Македонија
12. October 2016 - 17:26

Повторно земјотрес во Скопје со 2,6 степени по Рихтер

11:39 часот, телеметриската мрежа на сеизмолошката опсерваторија при ПМФ го регистрираше потресот од 2.6 степени според локалната рихтерова магнитуда. Епицентарот на земјотресот е на иста локација како главниот удар од 11 септември. Во источниот дел на скопското епицентрално подрачје, во населбата Автокоманда. Вознемиреност кај граѓаните предизвика инетнзитетот со кој беше почуствуван земјотресот од 4-5 степени според европската макросеизмичка скала.

Сеизмолозите велат нема простор за паника. Денешниот потрес е автершокова активност.

Сеизмичката активност која денеска ја регистрираше мрежата на сизмолошката опсерваторија е на трансконтиненталниот расед кој го опфаќа речиси целиот севрен дел од државата. Дали е ова послената автершокова активност нема одговор. Потресите кои се последица на главниот удар може да следуваат во период од неколку недели па дури и до неколку месеци.

Според сеизмолозите денешниот земјотрес нема предизвикано оштетувања, но апелираат до граѓаните дека може да го користат бесплатниот број 195 за пријавување на било какви проблеми кои настанел како последица на потресите и поднесување пријави за проверка на стабилноста на објектите.