Бизнис
20. May 2016 - 19:49

Повторно воведена авиолонијата Скопје - Прага

Чех Ерлајнс од денеска официјално почнува да лета на релација Скопје- Прага. Првично ќе има два  лета во неделата , а од следниот месец ќе се воведе уште еден. Билетот во едне правц чини 75 евра, а повратниот 144 евра со вклучени такси.  Картите  се веќе во продажба. Оваа линија се воведува  на барање на патниците.  Од први јули до септемрви  Чех ќе воведе и чартер лет од Скопје до Крит.

Од Тав очекуваат новата линија да го зголеми бројот на туристи од Чешка, карго превозот , а за ќе им овозможи на македонските патници да ја посетата убавата Прага.

Чех Ерлајнс по четири години пауза повторно е во Македонија. Компанијата ја опслужуваше линијата Скопје- Прага од 2005 до 2012 година. Поради преструктуирања во  Чех линијата беше  прекината.

Во првиот квартал од  годинава на двата аеродроми во земјава превезени се близу 500 илјади  патници што е раст од 28 отсто во споредба со истио период лани.