Балкан
3. November 2016 - 17:54

Повторно се тресе Балканот, вечерва нов земјотрес


Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска попладне го погоди подрачјето на Бања Лука. 

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на осум километри од Бања Лука, односна на шест километри од Челинац, јави „РТРС“. 

Се наведува дека жителите го почувствувале земјотресот, но не се предизвикани материјални штети.