Бизнис
27. јуни 2017 - 15:16

Повторно се наводнуваат оризовите полиња

Подружницата на АД Водостопанство,  „Брегалница“ од Кочани, од денеска повторно почна со наводнување на оризовите полиња во атарите на општините од источна Македонија.
 
Според директорот Николчо Гоцев, по пауза од две недели поради неопходното прскање со хемиски препарати, водата е повторно пуштена.
 
- Земјоделците, наши корисници, завршија со прскањето. Снабдувањето со вода за наводнување продолжува според предвидената динамика и временските услови, рече Гоцев. 
 
Во акумулацијата Калиманци од каде преку левиот и десен магистрален канал земјоделците ги полеваат површините со вода, заклучно со денеска има 73 милиони метри кубни вода, доволно за да заврши наводнителаната сезона.