ПОВТОРНО РОДЕН

Loading Video...
Сител телевизија ова лето ви носи уште еден турски мегахит, која ќе ве запраша дали може некој без минато да има иднина и да се спознае себеси.
 
Ова е приказна за Ефе и Мете, двајца близнаци чие детство навидум се чини спокојно и среќно. Кога Ефе ќе дознае дека неговата мајка има афера со деловниот партнер на таткото, ќе реши вистината да му ја соопшти на татка си. Се крие во неговиот автомобил, несвесен дека токму тој автомобил и тој момент ќе ги однесе засекогаш во пропаст. Таткото е нападнат од еден од бизнис партнерите и со колата доживува несреќа. Умира на лице место, а Ефе успева да се спаси.
 
По 20 години, веќе ништо не е исто. Сега, кога сите мислат дека детето е одамна умрено, тој се враќа во животите на своето семејство. Ефе е сега скромен и благороден, пораснат во сосема поинакви услови од Мете, кој расте во студено, арогантно и бескруполозно окружување. Кога двајцата браќа ќе се сретнат повторно по толку поминато време, ќе може ли нешто да ја спречи братската љубов и поврзаност?