Македонија
12. September 2015 - 16:38

Повторно проблеми со тетовската депонија

Се повеќе смет и градежен шут складира комуналното претријатие кај претоварната станица во Тетово. Драстично се зголемени количините на отпад, а жителите велат уште повеќе чувствува непријатна миризба од оваа дива депонија. 
 
До зголемувањето на количините доаѓа по отстранување на отпад како последица од невремето во август. За да се избегне складирањето на смет на тоа место блиску до градот во комуналното претријатие се размислува за промена на локацијата или на начинот на транспорт на собраните количини отпад.  
 
Како долгорочно решение за справување со отпадот, тетовци очекуваат формирање на регионална депонија каде ќе се складира и рециклира смет.