Свет
13. March 2018 - 12:28

Повторно отворени аеродромите во Ирачки Курдистан

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади соопшти дека аеродромите во Ирачки Курдистан повторно се отвораат за меѓународни летови, откако федералните власти ја презедоа контролата над нив.

Аеродромите пред речиси шест месеци беа блокирани како последица на контроверзниот референдум за независност на Ирачки Курдистан.

Правно необврзувачкото гласање беше одржано во три провинции од автономниот курдски регион, како и на некои територии под контрола на курдски паравоени формации.