Македонија
9. April 2017 - 17:01

Повторно оскернавени православните гробишта во скопски Сарај

Сквернавени православните гробишта во Сарај.  Десетина  надгробни плочи се оштетени и бутнати. Непознати сторители пробале целосно да ги искршат мермерните плочи, удирале со камења со што ги напукнале и преполовиле спомен плочите на неколку гробници. Посегнале и по клупите околу спомениците и ги расфрлале вазните со цвеќиња.  Штетите ги забележал еден од локалните жители кои утрово дошол на гробот кај свои роднини. Според нив предизвикани се големи материјални штети.

Жителите велат ова не е прв пат да бидат сквернавени  православната црква и гробиштата во селото.

Овие гробишта се единствените православни во населено место Сарај на кои почиваат роднини на околу 60тина фамилии кои сеуште живеат во селото,  но и на оние кои се отселиле од Сарај.   

– Жителите на Сарај тврдат дека ова е трет случај на уништување спомен плочи за само еден месец. Се сомневаат дека сторителите се прекачиле преку оградата и со камења удирале по гробиштата. Полицијата доаѓа за прв пат откако утринава биле пријавени 10 оштетени гробишта.