Свет
23. May 2017 - 10:34

Повторно одложено отпуштањето на втората транша од спасувачката помош за Грција

Министрите за финансии на земјите од еврозоната, кои заседаваа заедно со претставници на Меѓународниот монетарен фонд и на грчката Влада не успеаја да постигнат спогодба за следната транша од спасувачкиот заем од седум милијарди евра за Грција, јави ТАСС.

Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум ова го соопшти по состанокот во Брисел, кој беше прекинат по полноќ, а кој не вроди со плод.

Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Еврогрупата на 15 јуни во Луксембург, кога ќе биде ќе биде завршен вториот отчет за реформите, спроведени од Грција. 

- Блиску сме до спогодба, но засега не успеавме да ги усогласиме ставовите во однос на она кое може да биде направено во Грција (по кратењето на буџетските трошоци) и она што треба да биде направено, нагласи Дејселблум.

Тој додаде дека на советувањето било констатиран „голем прогрес“, кој Грција го направила изминатиот месец за спроведување на пакетот политички мерки и економски реформи, кои се бараат од неа за да ги добие неопходните парични средства и да избегне банкрот.

Останува Атина да изврши уште некои дејствија, а институциите, кои се задолжени за имплементација на спасувачката програма, се уште треба да спроведат одредени проверки. 

Дејселблум изрази надеж дека спасувачката транша за Грција ќе биде отпуштена до летните одмори.

Тој посочи дека спогодбата за олеснување на грчкиот долг, на што инсистира Атина, засега не е можна и оти се неопходни уште дискусии по следната седница на Еврогрупата по три недели.

Дејселблум изрази надеж дека дотогаш ММФ ќе се ссогласи да ја прифати спасувачката програма за Грција.

Според него секоја форма на олеснување на долгот на Грција ќе биде можна едвај по завршувањето на третата програма за макрофинансиска помош за земјата.

За ново реструктуирање на долгот инсистира ММФ, кој само во такви усови е подготвен да и достави на Грција дополнителна финансиска помош од својата линија. 

Земјите од еврозоната, кои се главните кредитори на Атина, сепак засега не се подготвени за нови олеснувања на условите за отпишување на долгот. Во 2012 година тие веќе се согласија за реструктуирање на дел од долговите, вклучувајќи го и продолжувањето на роковите за нивно отпишување, но сепак таа мерка се покажа како недоволна земјата да биде во состојба самостојно да се грижи за обврските во однос на долгот.

Грција во моментов е во фаза на исполнување на третата меѓународна програма за макрофинансиската помош во износ од 86 милијарди евра, усвоена летото во 2015 година. Вкупниот обем на сите три програми, усвоени по 2010 година веќе надмина 300 милијарди евра. 

Атина ја очекува втората транша од третата програма повеќе од една година, но нејзиното отпуштање се одложува поради несогласувањата меѓу кредиторити и грчката Влада за содржината на пакетот реформи, кои имаат за цел намалување на буџетските трошоци.