Свет
3. April 2017 - 18:03

Повредените во експлозијата во Санкт Петербург се евакуираат со хеликоптери

Од двете метро станици во Санкт Петербург, помеѓу кои денеска одекна експлозија, повредените лица се евакуираат со хеликоптери, јави ТАСС.

Во експлозијата загинаа најмалку десет лица, а околу 50 се повредени.

Едниот хеликоптер врши евакуација од станицата „Технологически институт“, а вториот се упати кон станицата „Садоваја“.

Обвинителството на Санкт Петербург соопшти дека покрена истрага поради експлозија во еден од ваганоти. Инцидентот се случи меѓу две метро станици.

Преземени се и дополнителни безбедносни имерки на аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург.

Сите метро станици во градот се затворени и се евакуираат граѓаните.