Македонија
21. August 2017 - 20:55

Повлечен персоналот од Српската амбасада во Скопје - Дали УНЕСКО е причината за остриот дипломатски потег?

Сите дипломати и вработени од Амбасадата на Република Србија во Република Македонија се повлечени на итни консултации во Белград.

Македонското МНР било известено од српската Амбасада оти персоналот ќе се повлече на консултации во Белград, а причината денеска ја објасни српскиот претседател Александар Вучиќ кој изјави дека српските надлежни органи утврдиле и докажале дека против Србија е извршено разузнавачко дејствување и оти поради тоа е повлечен персоналот од српската Амбасада во Македонија.