Македонија
13. September 2017 - 16:13

Повикот на академиците за широка јавна дебата не допре до власта

 

Поранешниот претседател на Бугарската академија на науките, Стефан Воденичаров смета дека законот за албанскиот јазик го одложува ратификувањето на договорот за добророседство со Бугарија во македонското Собрание.

Но, тоа што е пострашно, според Воденичаров, двојазичноста во земјава ќе ја уназади Македонија.

,,Не треба да заборавиме дека Договорот за добрососедство со Македонија не е склучен, затоа што тамошниот парламент треба да го одобри. Пред Македонија сега стои  друго многу важно прашање - воведувањето на албанскиот јазик, како втор службен јазик во државата. Тоа ќе уништи многу од постигнатото во Македонија и тоа барање е ,,малку изнасилено‘‘, вели академикот.

Дури откако ќе се реши тоа прашање на ред ќе дојде и Договорот за добрососедство, додава Воденичаров.

Во рамките на имплементацијата на договорот, академикот смета дека не треба да се ,,туркаат‘‘ историјата и македонскиот јазик, како основни прашања.

,,Не може на човек на над 20-годишна возраст да му се промени начинот на размислување. Ако сакаме со овие луѓе да работиме заедно, не треба постојано да се вртиме назад, туку треба да поставиме заеднички цели за иднината за да одиме напред. Овие прашања треба да се дискутираат и да се дојде до некакво заедничко мислење, но треба да помине време‘‘, вели Воденичаров за бугарскиот медиум ,,Актуелно‘‘.

Вчера, пак МАНУ побара пред усвојувањето н законот за албанскиот јазик да се отвори стручна и научна расправа со учество на експерти, која ќе придонесе подобро да се разберат предложените решенија, да се расчистат одделни недоречености што можат да создаваат проблеми при примената на Законот во праксата, и да се разјаснат некои различни толкувања што се појавија во досегашната расправа.

Академиците сметаат дека дури по нивните стручни мислења за отворените прашања и дилеми, пратениците треба да иницираат конструктивна дебата.