Бизнис
25. March 2016 - 19:52

Повик за поддршка на оснивањето земјоделски задруги

Силна владина поддршка за земјоделските задруги. Преку повеќе мерки државата го стимулира здружувањето на земјоделците. Огласот е во тек, а предвидува повеќе начини за финасиска поддршка.

Покривање на целата плата на управителот во првата година, со намалување од 20%  за секоја наредна година. Потоа надомест во висина на просечна плата за ангажирање на стручни лица од областа на земјоделството и ветеринарните науки, покривање на трошоците за осигурување како и за сметководствени услуги.

Освен овие мерки, државата предвидува и зголемени субвенции за задругите.

Засега во змејава функционираат вкупно 29 земјоделски задруги, а Владата го стимулира здружувањето со цел окрупнување на земјоделското производство што ќе доведе до поголема ефикасност и повеќе приноси со помали трошоци.

Аплицирањето за поддршката е едноставно, а задругите можат да поднесуваат барања во текот на целата година.