Свет
19. February 2017 - 13:04

Повик од „Спасете ги децата “ за заштита на околу 350.000 деца во Мосул

Околу 350.000 деца се во „стапица“ во западниот дел од Мосул, предупреди денеска британската невладина организација Спасете ги децата. Тие повикаа ирачките сили и нивните сојузници да направат се за да ги заштитат децата.

– Треба итно да се направат безбедносни коридори за евакуација на цивилите, нагласи Маурицио Кривалеро, директор на Спасете ги децата за Ирак.

Повикот е уаптен откако денеска почна голема копнена операција на ирачките сили за протерување на ИД од западниот дел од Мосул. Во источниот дел од градот денеска беше извршен самоубиствена напад од страна на ИД во кој загина еден човек и десет се ранети.