Балкан
23. February 2018 - 10:41

Повеќе слаби земјотреси регистрирани во Бугарија

Серија слаби земјотреси регистрирани се во јужниот дел на Бугарија во последните 24 часа, од кои најсилниот бил 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Последниот земјотрес бил регистриран ноќеска во 01 часот и 15 минути, на 15 километри југоистично од Пловдив.

Најсилниот земјотрес претходно го погодил подрачјето на Пловдив во ноќта меѓу средата и чевртокот. Потоа следувале околу 20 последователни земјотреси.

Според агенцијата БТА, во земјотресите немало повредени, ниту е причинета материјална штета.