Балкан
19. September 2016 - 10:29

Повеќе од 300 нови мигранти на грчките острови

Во последните 48 часа на островите во северниот дел на Егејското Море пристигнале вкупно 308 мигранти и бегалци.

Поточно, 93 бегалци пристигнале на Лезбос, на Хиос 155 и 60 на Самос.

Според грчката полицијата, 5.264 мигранти и бегалци се заглавени на Лезбос, 3.700 на Хиос и 1.166 на Самос. Вкупниот број на бегалци кои се заглавени на островите во северниот дел на Егејското за првпат по неколку месеци ја надмина бројката од 10.000 луѓе.

На целата грчка територија денеска има 60.352 мигранти и бегалци.