Свет
12. December 2016 - 10:02

Повеќе од 10.000 цивили го напуштиле источно Алепо за 24 часа

Повеќе од 10.000 цивили го напуштија источниот дел од Алепо во изминатите 24 часа и заминале во делови во градот што се под контрола на владините сили, соопшти денеска Сириската организација за човекови права.

Руското МО наведе дека во истиот период 13.346 цивили напуштиле делови од Алепо под контрола на бунтовниците.

Од почетокот на офанзивата во средината на ноември од делови на Алепо што се под контрола на бунтовниците заминале над 130.000 цивили.