Македонија
13. January 2017 - 17:16

Повеќе од 1000 маски на Вевчанскиот карневал

Започна дефилето под маски.Вевчанци и годинава преку сатира и хумор ги прикажаа случувањата од изминатата година . Секој го кажува тоа што го мисли и чуствува и го критикува и исмејува она што не му се допаѓа. Џорџ Сорос ,американскиот амбасадор во земјава Бејли,Шарената револуција ,диктаторот на Северна Кореја ,продажба на дипломи,двојазичноста ,парламентарните избори беа само дел дел од маските на театарот на отворено без режија. Огромен број на посетители како од земјава така и од странство беа дел Вевчанскиот карневал.

Вевчанскиот карневал е во чест на свети Василиј Велики а се разликува од другите во светот по архаичноста и уникатните маски, претставувајќи спој меѓу паганско и современо празнување.

Според традицијата, следниот ден Василичарите одат од куќа во куќа каде што има име Васил да му честитаат и околу пладне доаѓаат во центарот каде што ги играат василичарските ора и ги палат маските .