Македонија
21. February 2018 - 16:39

Потврдено - градежните работи на Али-пашината џамија во старото јадро на Охрид се незаконски

Градежните активности околу Али пашината џамија во старото градско јадро се одвиваат спротивно законите.

Министерството за култура односно Управата за заштита на културното наследство го задолжи Завод и музеј  од „носителот на конзерваторското одобрение“, во случајот ИВЗ и Охридското муфтиство, да побара одобрение за градење согласно прописите .

Од Здружението на граѓани „Совест“ велат дека конечно после десет месеци  се потврдуваат нивните забелешки дека доградбата на џамијата се врши нерегуларно.

Од здружението на граѓани Совест барат итно стопирање на активностите околу Али пашината џамија се додека не се добие мислење од Унеско дали објектот се гради согласно светските практики.

Од Совест остануваат на ставот дека ќе бараат кривична и прекршочна одговорност од сите надлежни институци и инволвирани околу реконструкцијата на Али пашината џамија бидејќи не превзеле никакви дејствија за да се спречи било каква штета на објектот кој има културно и историско значење. .