Македонија
30. August 2016 - 19:35

Потврдено е дека се работи за пирани во Дојранското езеро, кои се намерно пуштени од аквариум - не се опасни за човекот

Рибите пронајдени во Дојранското езеро се неавтохтони, а местото каде што се уловени не претставува нивна природна средина, покажуваат првичните анализи.

Тоа укажува дека некој свесно или несвесно ги пуштил овие риби во водата, со цел да внесе паника помеѓу туристите, велат од Министерсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство.   

Со испитување на биологијата и морфологијата на двата примероци од оваа риба, утврдено е дека овој вид не е пирана, туку е од истата фамилија, и најверојатно станува збор за амазонски паку. Најважно е тоа дека рибите не се опасни за капачите во Дојранското езеро.

Градоначалникот на Дојран смета дека ова е нов обид да се наруши угледот на ова туристичко место, кое од година во година бележи се поголем број на посетители.

Конзориумот составен од експерти од надлежните институции, во периодот што претстои ќе направи генетски истражувања, преку кои точно ќе се утврдува видот на рибата, а ќе биде поднесена и кривична пријава против непознат сторител.