Свет
30. October 2016 - 9:48

Потресот во Италија е во провинцијата Перуџа со интензитет од 6,1 по Рихтер

Земјотрес со интензитет од 6,1 по Рихтеровата скала ја погоди Италија во 7:41 минута по локално време, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Епицентарот бил меѓу Норча (колу 5 илјади жители) и Пречи (752 жители) во провинцијата Перуџа во областа Умбрија.

Има големи материјални штети, но засега нема информации за жртви. Двете општини беа во епицентарот на земјотресот од средата на 26 октомври.