Бизарно но вистинито
28. April 2016 - 9:46

Потресно раѓање во Индија, една душа две тела

Близнаците имале заедничка глава но одвоени нозе и раце.

Овој исклучително редок случај на раѓање на сијамски близнаци се случил во индиската провинсија Гуџарат.

За жал докторите не успеале сијамските близнаци да ги одржат во живот, тие умреле само неколку минути по раѓањето.

Докторите не знаеле за што точно станува збор се додека бремената жена не била снимена во седмиот месец од бременоста.

Статистичките податоци во Индија покажуваат дека сијамски близнаци се раѓаат еднаш во милион случаи, а едно лице со две тела,многу, многу поретко.