Џет-Сет
19. јуни 2017 - 14:38

Потресна објава на пејачката откако по трет пат и се врати ракот - "Не се предавај"

Пејачката Дона Арес веќе неколку години се бори со ракот, а ова е трет пат болеста да се врати назад во нејзиното тело.

Активна е на друштвените мрежи каде објавува различни фотографии и пораки. Од оние кога денот не и е баш најдобар, до оние со кои на целиот свет му покажува колку е силна и подготвена за борба.

Дона објавила фотографија насмеана со својата другарка, но со игла во раката, а фотографијата успеала да предизвика најдлабоки емоции кај корисниците на друштвените мрежи.

 

A post shared by Donna Ares (@donnaares) on