Брзина и алкохол
-Бевме на роденден кај другар и мојот постар брат требаше да не врати дома. Незнам што се случи и како излетавме од патот. И натаму сум во шок. Изгубив двајца другари, повеќе не ми се живее - рече кратко вчера преживеаниот патник од „тојотата“ Ф.Ѓ.
Видно вознемирен и потресен, тој вчера е пуштен од болница каде му се констатирани полесни повреди. Полицијата во текот на вчерашниот ден, не успеала да разговара со неговиот брат Миљан Ѓукиќ, кој е задржан на болничко лекување.
-Момчињата биле на роденденска прослава, од каде Ѓукиќ требало да ги донесе до куќата на настраданиот Шиљак за да преспијат кај него. По доаѓањето сепак се одлучиле да се вратат во град и да побараат друго место за забава. Кога стигнале во градот се било веќе затворено па тргнале назад. Тогаш се случила несреќата. Првите резултати покажуваат дека причина за несреќата била неприлагодената брзина, но и алкохолот, вели извор од истрагата.
Живеел со братот
Смедеревска Паланка од вчера е завиена во црно поради загинувањето на двајца тинејџери и на улица речиси да нема насмеан жител. Тинејџери од целиот град вчера во групи доаѓаа пред куќите на настраданите другари за да им изразат сочуство на семејствата.
-Ве молам немојте. Го изгубив синот, имајте разбирање - беше единственото што таткото на настаданиот Орловиќ, ученик во Техничкото училиште го кажа, додека пред куќата примаше сочуство.šće.
Во населбата Циглана, каде живееше покојниот Шиљак вчера немало никој.
-Голема трагедија. Милош уште беше гимназијалец и живееше со постариот брат кој му беше и старател. Татко му почина пред неколку години, а мајката живее и работи во Швајцарија, раскажа една соседка на Шиљак.
Страотна глетка, ги извлекувале пожарникари
Очевидци велат дека глетката била страотна.
-Ме разбуди силен тресок. Погледнав низ прозорец и видов смачкано возило и деца како викаат. Сите соседи излегоа на улица, а покрај лекарите интервенираа и пожарникари, кои ја сечеа каросеријата за да ги извлечат момчињата. Двајцата на задното седиште не даваа знаци на живот.