Балкан
18. July 2016 - 14:16

Потресна исповед на бабата на малата Ангелина: Тој монструм...

-Не сакам смртна казна за тој монструм, затоа што тоа е малку за нашата болка. Сакаме да гние и пати во затворот доживотно, изјавила за „Ало!“ Душанка Стевановиќ, баба на тригодишната Ангелина, која ѕверски беше силувана и убиана од Владица Рајковиќ (28) од село Вратарница.

Душанка додала деа секој ден оди на гробот на Ангелина и дека пали свеќи на местото каде што е убиена.

- Ни останува вечно да патиме, зашто ни фали нашата Анѓа. Јас и мојата ќерка пиеме лекови за смирување, а Даниела пие што ќе дофати, вели Душанка.

Рајковиќ нема пари за адвокат и веќе го брани Наташа Тошиќ, бранител по службена должност.