Балкан
21. March 2017 - 15:43

Потресна исповед: Ме тепаше со ремен и ме возеше гола низ градот

„Ме тепаше повеќе од седум часа, ме принудуваше на орален секс, ме фотографираше унаказена и гола и ме возеше низ местото, со закана дека ќе ме исфрли, сите да видат дека сум курва“.

Со овие зборови ја почна потресната исповед Г.П (46) од Лајковац чиј сопруг З.П. (48) е осомничен за насилство во семејството, но притворот нему му истекува утре, па несреќната жена стравува дека ако биде путшена на слобода може да ја убие.

Ужасното малтретирање, како што раскажува го преживеала ноќта меѓу 19 и 20 февруари од 21.30 до 5 часот утрото, откако сопругот во нејзниниот мобилен телефон открил пораки кои таа ги разменувала со познаник.

-Најпрво ми удираше шамари и ми ја корнеше косата, а потоа со раце и нозе ме удираше по целото тело. Најмалку пет пати паѓав во несвест, по што ме поливаше со ладна вода и продолжуваше да ме тепа. Ме фотографираше така унаказена и тие слики му ги испрати на човекот со кој се допишував. Во еден момент отиде до кујната и донесе нож, кој ми го стави под грло и ми се закани дека ќе ме заколе. а потоа ме примора на орален секс. Продолжи да ме тепа со ремен по целото тело, барајќи да му кажам со кој се допишувам и што имам со него, раскажува Г.П., мајка на син од 24 години и две ќерки од 23 години, која во брак со насилникот е од 1991 година.

Бидејќи не му одговорила, З.П. сопругата ја соблекол гола  и уште еднаш на натерал на орален секс, по што ја пикнал во автомобил и започнал возење низ Лајковац.

-Ми се закани дека ќе ме исфрли кај автобуската станица и општината, сите да виделе дека сум курва. Ме врати дома и продолжи да ме тепа, повотрно ме принуди на орален секс, зборувајќи дека тоа ќе ми го прави секојдневно по неколку пати „зошто сум курва и тоа го заслужувам“, вели низ солзи жената.

Bičevao ju je kožnim kaišem i tukao nogama i rukama

Дури кога насилникот се повлекол во својата соба и заспал, Г.П. успеала да побегне од куќата. Лекарите во Лајковац и Ваљево и констатирале бројни подливи и модрици, очите и биле практично затворени, а на вратот имала гребаница од сечиво и напукнато ребро. Потоа се обратила во полиција, која го уапсила насилникот, и му одредила притвор.

-Првпат ме претепа пред 20 години, но тогаш не можев да си одам од него со три мали деца. Следниот ќотек го добив пред 8 години, и тогаш околу Нова година. Не го пријавив од срам, надевајќи се дека ќе се смени и дека е важно да се сочува семјеството. Психичкото малтретирање траеше сите овие години, по секоја кавга успеваше да му убеди дека јас сум виновна и јас му се извинував. Сега не можам повеќе, вели Г.П. која претходните години престојвуала кај сестра си, но во заедничкиот дом се вратила за да биде покрај болниот син.

-Не смеам да чекам да го пуштат од притвор, затоа се обратив во медиумите. Страв ми е, ако биде на слобода, јас ако побегнам било каде, тој ќе ме најде, изјави загрижената жена која во межуреме поднела и тужба за развод.