Бизнис
18. November 2015 - 20:04

Потребни се конкретни активности за решавање на климатските проблеми

Над 4 милијарди евра се потребни за решавање на проблемите со климатските промен. Македонија е меѓу првите земји од регионот која веќе има подготвена нацинонална програма за решавање на проблемот. Се документот се предивува до 2030 година емисиите на  јаглероден диоксит да се намалат за 36 отсто. Денеска седница одржа националниот совет за одржлив развој во чиј фокус беше престојниот климатски самит  кој ќе се одржи во Париз.

- Согласно овој документ предвидено е да се намалат емисиите на јаглероден диоксид од согорување на фосилни горива за 30 проценти односно во поагресивното сценарио за 36 проценти до 2030 година. За реализација на сценариото за ублажување на климатските промени потребни се дополнителни инвестиции проценети над 4 милијарди евра, а за поагресивното сценари од 4,5 милијарди евра, истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. 

Потребно е да се воведат конкретни активности за надминување на последиците од климатските промени, рече претседфателот Иванов. Потенцира дека Франција и покрај терористичкиот напат не го откажа овој важен собир кои е од исклучитено значење не само за земјите кои најмногу имаат проблем со загадувањето од  цо2 туку  за сите државни.

- Како држава се приклучуваме кон ставовите на ЕУ. Се залагаме за усвојување на меѓународен обврзувачки договор  за сите земји. Вооедно сематм дека ововј договор да биде сеопгфатен,. Тоа подразбира да содржи конкретни активности за ублажување на климатските промени., рече Ѓорѓе Иванов, претседател на РМ

Иванов ќе ја предводи макеоднската делегација на Климатскиот самит во Париз каде на 30 ноември ќе учествиува на лидерскиот сегмент.