Бизнис
5. јуни 2017 - 21:43

Потребен е ребаланс на буџетот за да се реализираат проектите на новата Влада

Нов ребаланс на буџетот најверојатно ќе има наесен. Ова го најави најави премиерот Заев,, според кој за реализација на економските проекти од новата програма, неопходно ќе биде прекројување на државната каса. Финансиската кондиција на буџетот ќе се разгледува на денешната седница

Инаку денска  првиот финансиер имаше средба со претставници на Светска банка, предводени од директорот за  Европа и Централна Азија, Марко Мантованели. На средбата била разгледаната состојбата со тековни проекти, но и можностите за идна соработка, се вели во соопештението на министерството за финансии. До сега Светска банка финансирала  63 проекти во вредност од над 2 милијарди  долари. Моментално учествува во финансирање на 7 проекти, во износ од 331 милион долари.

Светска банка во најновиот  извештај ја потврди претходната прогноза за раст на македонската економија д 2,8% година и 3,3 наредната.. За глобалната економија прогнозите се  2,7 процентен  раст оваа и 2,9 наредната, благодарение на стабилните цени на стоките и на растот на глобалната трговија.