Македонија
24. April 2017 - 15:43

Потписи за поддршка на родителите на деца со посебни потреби и во Куманово

И кумановци ќе можат да се потпишат и да дадат поддршка на родителите на деца со посебни потреби на пунктови кои ќе бидат поставени на градскиот плоштад, кои, како што информираа денеска од здружението „Инклузива“, ќе бидат отворени од утре до петок.

- Во периодот од 11:55 до 17:00 часот на градскиот плоштад во Куманово ќе биде отворена книга за собирање потписи за законските измени и подзаконските акти, како и правилници кои се однесуваат на лицата со попреченост и нивните семејства. Ги замолуваме нашите сограѓани кумановци да дојдат и да ја дадат својата подршка за подобра иднина и достоинствен живот на лицата со попреченост и нивните семејства, информираа од Здружение „Инклузија“ од Куманово.

Родителите на децата со посебни потреби собираат потписи за поддршка за да им се исполнат барањата меѓу кои квалитени испитувања, терапии, отварање на дневни центри, стручен кадар и сместување на возрасните лица со посебни потреби по смртта на нивните родители. Родителите на децата со посебни потреби собраните потписи од граѓаните, ќе ги достават до ресорните министерства.