Македонија
16. March 2018 - 8:44

Потпишување договор за проектот за водоснабдување на Делчево

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски, директорот на ЈПКД „Брегалница“ Розета Цонева и амбасадорот на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, денеска ќе потпишат договор за реализација на проектот за водоснабдување на Делчево.

Потпишувањето на договорот ќе биде во Министерството за животна средина и просторно планирање.