Македонија
18. December 2017 - 8:26

Потпишување декларација за „Универзитет без корупција“

Декларација за „Универзитет без корупција“ ќе биде потпишана денеска во Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, во организација на  Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ. 

На потпишувањето на декларацијата се поканети ректорите на јавните
универзитети во државата.

Според најавата, воедно во Ректоратот ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Можностите на законот за заштита на укажувачите како алатка за превенција на корупцијата на универзитетите во Македонија“.

Организаторот најавува обраќања на министерката за образование и наука  Рената Дескоска и на амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли.

Настанот е организиран со поддршка на Амбасадата на САД во РМ.