Македонија
25. July 2016 - 16:36

Потпишан договор за екстрадиција и правна помош со Италија

Договор за екстрадиција и меѓусебна правна помош во кривичните предмети , потпишаа министрите за правда на Македонија и Италија.  Со овие два договори земјите ќе помогнат и на меѓународен план во борбата против корупцијата, организираниот криминал, трговија со луѓе . Италија до сега на  Македонија и помогнала во испорака на  5 лица гонети за поголеми кривични дела и тоа  по брза постапка.

Договорите се дополнување на веќе потпишаните конвенции во областа на правосудството од 1957 и ’59 година. За италијанскиот министер оваа соработка е од големо значење бидејќи ја зајакнува врската со земјите од западен балкан.

Македонија во моментов очекува екстрадиција на 10 лица од различни држави. Договор за соработката на овој план  има склучено со 5 земји до сега , а од министерството очекуваат наскоро листата да биде проширена со уште неколку држави од регионот но и со членки на ЕУ.