Свет
26. јуни 2017 - 16:39

Потона туристички брод во Колумбија: Најмалку девет загинати и 30 исчезнати

Брод со 170 туристи потона во вештачко езеро во Гуатапе, во северозападниот дел на Колумбија. Засега се потврдени девет жртви, а 30 се водат како исчезнати.

Според властите, сите жртви се Колумбијци, а меѓу нив нема деца. Преживеаните туристи рекле дека на бродот имало повеќе луѓе од дозволеното, како и дека немало појаси за спасување.

Бродот потонал многу брзо. Сè се случило буквално за пет минути.

Властите соопштиле дека сè уште не се знае причината за потонувањето на бродот.

Градот Гуатапе прогласи тридневна жалост поради несреќата.