Loading Video...
Фудбал
17. December 2017 - 18:16

Потешко од очекуваното Манчестер Јунајтед го совлада ВБА

Екипата на Манчестер Јунајтед забележа победа над ВБА со 2-1 во меч од 16.коло на англиската Премиер лига. 

Иако гостите во првиот дел имаа и водство од 2-0, по головите на Ромелу Лукаку (27) и Џеси Лингард (35), сепак во завршните петнаесетина минути стравуваа за трите бода. 

За тоа се погрижи Герет Бери кој во 77.минута намали на 2-1. Сепак до крајот на мечот домаќините не успеаја да постигнат уште еден гол, па избраниците на Мурињо ги освоија трите бода. 

„Црвените ѓаволи“ се вратија на второто место на табелата со 41 бод, дури 11 помалку од лидерот и градски ривал Манчестер Сити, односно три повеќе од трето пласираниот Челзи.