Македонија
12. December 2016 - 8:56

Постудено и ветровито - Температурите ќе се спуштат длабоко под нулата

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, постудено и ветровито. Ќе дува засилен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието, како и во источните делови. Во северните и во западните делови од земјава ќе има услови за пројавување на слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до минус пет и дневна до осум степени.

И утре слично време со засилен северен ветер, наместа со провејување на слаб снег, особено во претпладневните часови. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од три до осум степени.

Потоа следува претежно стабилно и постудено време со опаѓање на температурата.