Џет-Сет
19. October 2017 - 10:24

Посторога казна и од затвор: Одземено старателството на Зоран Маријановиќ над ќерката

Центарот за социјална работа на 10 октомври на Зоран Марјановиќ му го одзело старателството над шестгодишната ќерка Јана.

Старател на Јана сега е психолог од Градскиот центар за социјална работа, а таа е привремено сместена кај нејзиниот чичко Милош Марјановиќ.

-За ќерката на убиената Јелена и нејзиниот сопруг Зоран, кој се сомничи дека ја убил, засега ќе се грижат вработените од центарот за социјални работи. Таа засега ќе живее со Милош, но ако се случи и тој да заврши зад решетки, малата Јана автоматски ќе биде одведена од домот на Марјановиќ. Во тој случај , таа веќе нема да може да живе во куќата со баба и Зорица и дедо и Владимир- рекол извор од истрагата.