Свет
14. July 2015 - 9:30

Постигнат договор за иранската нуклеарна програма

Иран и шест светски сили (пет посотјани членки на СБ на ОН и Германија) постигнаа историски договор за нуклеарната програма на Техеран, изјави ирански дипломат во Виена.

- Компромис е постигнат за сите прашања, и во најскоро време страните во преговорите ќе ги објават резултатите, изјави за ТАСС европски дипломат.

Во седиштето на ОН во Виена мминистрите за надворешни работи на Иран и шесторката ќе ги завршат преговорите за иранската нуклеарна програма со пленарна седница по која ќе има и прес конференција.