Постигнат „добар напредок“ по британските барања за реформи во ЕУ
Британскиот премиер Дејвид Камерон синоќа изјави дека во текот на разговорите на првиот ден од Самитот на ЕУ во Брисел, е постигнат „добар напредок“ по британските предлози за реформи во Унијата, но призна дека новите преговори за идниот статус на Велика Британија во блокот ќе бидат „многу тешки“.
Камерон соопшти дека на своите колеги од Унијата им го презентирал британскиот предлог за реформирање на односите меѓу Велика Британија и ЕУ во текот на синоќешната заедничка вечера.
Британскиот премиер оцени дека ќе претстои „тешка работа“ за да може да се реализираат сите четири предлог-барања.
Главен проблем е предлогот на Лондон за одземање на правото за користење на британските социјални бенифиции за мигрантите од земјите на ЕУ кои живеат на британската територија, во првите четири години од нивниот престој во Велика Британија.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, од своја страна, изјави дека европските лидери ги сослушале британските предлози за, како што рече, „ограничување на слободата на движењето на работната сила низ ЕУ и за социјалните бенифиции“.
Туск истакна дека ваквите предлози „предизвикуваат загриженост“ меѓу лидерите на другите земји-членки на ЕУ, но дека сите изразиле подготвеност да учествуваат во барањето компромис.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи