Македонија
1. July 2016 - 13:44

Поставени водомери со далечинско отчитување во Сопиште

ЈП Водовод и канализација Скопје почна акција за поставување нови 800 модули за далечинско отчитување во општина Сопиште, со вкупна инвестиција од 4.8 милиони евра. 

- Планираме во овој период и во иднина да го засилиме темпото на поставување на модули за далечинско отчитување на територијата на Град Скопје, изјави денеска директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје, Александар Атанасов.

До сега, како што рече, поставени се околу 5.000 модули за далечинско отчитување и дополнителни 30.000 водомери, кои имаат можност на истите да се постават модули. Додаде дека ќе настојуваат оваа бројка да биде значително поголема.

Според него, со поставување на овие модули значително ќе се олесни читањето на водомерите на корисниците, а бенефит од истото ќе имаат и граѓаните и ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Атанасов најави дека по завршување на акцијата во општина Сопиште, следна акција за поставување на модули за далечинско отчитување ќе биде во општина Центар, а во наредниот период акции ќе спроведат и во други места.