Македонија
6. October 2017 - 10:28

Поставени три градски чешми во Крива Паланка

Вработените од секторот „Паркови и зеленило “ при Јавното претпријатие „Комуналец“, Крива Паланка работат на поставување градски чешми на повеќе локации во реонот на општината.

Три чешми се поставени на фреквентни локации во градот, а доплнително ќе се постават уште две.

- Станува збор за идентични чешми, направени со автентичен изглед, а се поставени на места каде е утврдено дека гравитира поголем број население. Едната е на автобуската постојка наспроти влезот на Здарвствениот дом, втората во населба Метеоролошка станица, кај спортските терени каде циркулираат голем број луѓе, најчесто дечиња, а третата е во Амбар маала, информира Драги Пејчиновски, раководител на секторот „Паркови и зеленило“, при ЈП Комуналец.

Истакна дека се работи на оспособување на уште две локации за останатите две предвидени чешми, кои ќе бидат во населба Бавчалак и една долж главната улица Св.Јоаким Осоговски, на место каде ќе се утврди дека е поголема потребата за тоа.

- Тековно, вработените од секторот работат на расадување цвеќе во оранжериите на претпријатието, примула и љубичици, за потребите за реализација на Годишната програма за работа. Во претстојнито период ќе се изврши замена на цвеќето, сарделите, од канделабрите на главната улица со есенско цвеќе, хризантеми, поотпорно на нсики температури, дополни Пејчиновски.

Петте градски чешми се поставуваат со средства од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.